МНОГУ НЕРВОЗНО ОБРАЗОВАНИЕ: Наставник удрил ученик и тој завршил со скршен заб
Продолжуваат скандалите во нашето нервозно образование.
Имено, тетовската полиција поднесе кривична пријава против М.Б. (56) од с. Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата”.
На 13.03.2018 година околу 11.00 часот во основното училиште во с. Желино, тетовско, пријавениот, кој е наставник во училиштето, за време на час удрил еден ученик по задниот дел од главата, при што тој удрил во клупата и му се скршил еден заб.
Се преземаат мерки за случајот.
Слично
