Економија, финансии, бизнис

Контакт

Многу мало „скенирање“ од ревизорите на потрошениот буџет од 2017

Многу мало „скенирање“ од ревизорите на потрошениот буџет од 2017

Ревизорите скенирале само 39 насто од вкупните расходи на целокупниот буџет за 2017-та, а само три насто од она што се трошело централно, иако резултатите се подобри кај другите буџетски корисници, како фоидовите, партиите и здравствените институции.

Само 75,9 милиони евра народни пари од вкупно потрошени 2,5 милијарди евра од Централниот Буџет ревидирале вкупно 79 државни ревизори во текот на минатата година, покажува Годишниот извештај за работењето на Државниот завод за ревизија. Тоа е 3% од целиот потрошен Буџет минатата година без Фондовите.

Сумата од Централниот Буџет ревидирана во текот на 2017 година е за 74% помала отколку во 2016 година, кога ревизорите провериле како се потрошиле вкупно 300 милиони евра.

Годишниот извештај покажува дека ревизорите лани ревидирале и јавни расходи на општините во вредност од 80,5 милиони евра што е двојно повеќе отколку годината претходно, 24,3 милиони евра потрошени од корисниците на Фондот за здравствено осигурување како што се болниците и клиниките, 10,2 милиони евра од јавните претпријатија, 9,7 милиони евра од политичките партии и 82,3 милиони евра од други институции. Вообичаено, најголем дел од јавните расходи што биле предмет на ревизија се на социјалните фондови и тоа 1,45 милијарди евра.

Вкупно, Државниот завод за ревизија лани ревидирал 1,73 милијарди евра јавни расходи што е 39% од сите јавни пари потрошени во текот на годината.


Слично

Поврзани вести