Многу Македонци живеат во затворените италијански региони, како ќе се заштитиме од вирусот
Комисијата за заразни болести во Македонија денеска треба да дискутира за тоа дали треба да се превземат дополнителни мерки за заштита од коронавирусот особено откако вирусот значително се прошири во Италија. До вчера беа регистрирани три смртни случаи, а бројот на заразените порасна на 152 лица. Вчера Австрија привремено го запре железничкиот сообраќај од Италија, а ја разгледуваше можноста да ја затвори и границата. Сепак откако беше утврдено дека двајца сомнителни патници немаат корона, сообраќајот беше пуштен. Земјите од регионот во секој случај се на готовс да превземаат мерки против ширењето на вирусот.
Додека македонските здравствени власти велат дека се превземаат сите непоходни мерки и се следат препораките од Светската здравствена организација, вчера излегоа податоци дека околу 64 илјади државјани на Македонија живеат во Италија, од кои околу 12 илјади во Венето и околу четири илјади во Ломбардија, двата северни региона во јужната европска земја, во кои има изолација на 11 населени места поради епидемија на коронавирусот.
Нема податоци за здравствената состојба на овие луѓе.
Во Италија е откажан и карневалот во Венеција, а беа откажани и некои фудбалски натпревари.
