Многу кандидати за наследник на Зврлевски
Завршува законски предвидениот рок за поднесување на кандидатура за нов јавен обвинител, по што ќе се знаат имињата на сите правници кои се во трка за наследник на Марко Зврлевски.
Како што потврдуваат од Законодавниот дом, на огласот за јавен обвинител досега се пријавиле 20 кандидати. Откако ќе бидат прибрани сите кандидатури тие ќе бидат испратени во Советот на јавни обвинители.
Советот има рок од 15 дена да ги оцени позитивно или негативно кандидатите и потоа да ги испрати во Владата.
Владата бира еден од кандидатите кој ги исполнува критериумите во огласот и добил позитивна оценка од Советот и го предлага во Собранието за избор.
За да биде избран новиот јавен обвинител треба да добие поддршка од 61 глас. Досега јавно својата кандидатура ја објавија адвокатите, Звонко Давидовиќ, Александар Наков, нотарката Лорија Ваневска, професорот Сејфула Османи, меѓу останатите.
