Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МНОГУ АНАЛИТИЧКИ СЕ БАВИТЕ СО ОПОЗИЦИЈАТА, А ВООПШТО НЕ СО ДРЖАВАТА!“: Чупеска со неколку прашања до власта

„МНОГУ АНАЛИТИЧКИ СЕ БАВИТЕ СО ОПОЗИЦИЈАТА, А ВООПШТО НЕ СО ДРЖАВАТА!“: Чупеска со неколку прашања до власта

Професорката и поранешната потпретседателка на СДСМ, Ана Чупеска, денеска со остра критика за владините потези и пресконференции. 

- Мицкоски веројатно заборава дека неговиот легитимитет не извира од партискиот комитет, туку од граѓаните на оваа држава – сите граѓани! Владеењето на правото и политичката етика налагаат транспарентност, а не сокривање зад пропагандни памфлети - напиша Чупеска во објавата на социјалните мрежи. 

Потоа додава „задскривање со ступидни спинови“. 

-  Граѓаните, имено, чекаат јасни артикулирани одговори на суштинските прашања, а не опсесивност со делувањето на опозицијата! 

Треба, за почеток, да одговорите на следниве прашања: 

 1. Колку навистина тежи „дупката“ во буџетот што постојано ја најавувате како алиби за неработење? 

2.Каде се парите од унгарскиот кредит - долгот е на грбот на граѓаните?! 

3..Какви се задкулисни релации со Алта Банка и чии интереси се штитат таму? 

4. Што ќе правите со дупката што ја произведовте со вашите стручњаци со ИПАРД? Итн.Итн... 

Е ова треба да одговорите, а не да се опседнувате со работи што не се во ваша надлежност. Вие сте надлежни и одговорни да ја водите државата, не опозицијата! - напоменува Чупеска во објавата. 

Потоа дополни „гледам дека многу "аналитички" се бавите со опозицијата, а воопшто не со државата! Како не разбирате дека Вие, не ја водите партијата, ја водите државата (барем така тврдите)!“.

-  Спуштете се на земја, престанете со партискиот реваншизам и почнете да давате отчет. Демократијата не е само формално преземање на власта, туку суштинска одговорност пред јавноста - истакнува Чупеска на крајот од објавата.

Еве ја нејзината објава: 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести