ММФ условува, нов кредит за иста старосна граница за пензионирање
Изедначување на старосната граница за пензионирање Меѓународниот монетарен фонд повторно ќе побара од српската влада. Според српските медиуми, владата до крајот на годината треба со ММФ да ги отпочне преговорите за склучување нов кредитен аранжман, а најважен услов за тоа е мажите и жените да заминуваат во пензија на иста возраст. Иако ова барање од ММФ е поради заштеда на буџетот, министерот за труд и социјална политика, Јован Кркобабиќ, веќе навестил дека е против таквата мерка.
- Тоа би било неправедно кон жените кои истовремено се и мајки и домаќинки и заради тоа се наоѓаат во потешка ситуација, изјавил министерот Кркобабиќ.
Слично
