ММФ НИ ОДОБРИ 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Нова транша од Линија за претпазливост и ликвидност
Македонија добива пристап до нова транша од Линијта за претпазливост и ликвидност на Меѓународнот монетарен фонд. Со ова земјата на располагање има 200 милиони долари.
Како што соопштуваат од Министерството за финансии, пристапот кон оваа линија е одобрен благодарение на силната посветеност на остварувањето на амбициозната реформска агенда со која била задржана макроекономската и финансиската стабилност, како и поради остварените цели и според Мисијата на ММФ, продолжува да ги исполнува критериумите за пристап до ПЛЛ програмата (Линија за претпазливост и ликвидност) на Меѓународниот монетарен фонд, која се доделува само на економии кои имаат здрави макроекономски фундаменти
- Ова е заклучокот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за член IV и првиот преглед за Линијата за претпазливост и ликвидност. Со ова на земјата и се ставаат на располагање за користење 200 милиони долари, во рамки на веќе одобрениот пакет од вкупно 530 милиони евра во 2022 година во рамки на инструментот ПЛЛ. Првата транша од 110 милиони евра е повлечена во текот на 2022 година и се очекува повлекување на втората транша од 155 милиони евра, додека останатите средства се обезбедуваат како превентива и резерва за потребите на земјата - се наведува во соопштението исрпатено од МФ.
Од таму додаваат дека Македонија закрпенува од двојните шокови од Ковид-19 пандемијата и растот на цените на енергентите по инвазијата на Русија на Украина.
Посочуваат оти, од страна на ММФ е посочено оти економската активност во Македонија е придвижена од силен извоз и намален увоз поради енергентите, кој се очекува да зајакне во 2024 година. Планираниот раст во јавните инвестиции, што започна со почетокот на авропатите на Коридорите 8 и 10д, понатаму ќе го поддржи закпренувањето. Инфлацијата иако останува предизвик, постепено се намалува.
Од Фондот посочуваат дека во 2023 година е исполнет таргетот за намалување на дефицитот во 2023 година.„Планираната фискална консолидација за 2024 година е насочена да го приближи буџетскиот дефицит до 3 отсто од БДП, што е согласно Законот за буџети, било истакнато од ММФ.
Како што посочуваат од нашето министерство, линијата за претпазливост и ликвидност и помага на земјата во надминување на неизвесноста предизвикана од високата инфлација, руската инвазија на Украина и енергетската криза, а има влијание и врз обезбедување стабилност во финансирањето.
Програмата за ливидност и претпазливост е двегодишна програма која се заокуружува во ноември 2024 година, со која и беше обезбеден пристап на земјата до финансиски средства по поволни услови во износ од 530 милони евра.
Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ е наменет за земјите членки на ММФ, коишто имаат докажани здрави економски основи и спроведуваат одржливи политики. Инструментот е воведен во 2011 година.
