Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ нема да ја спасува Грција, но мора да следи како ќе се плаќа долгот

ММФ нема да ја спасува Грција, но мора да следи како ќе се плаќа долгот

Меѓународниот монетарен фонд одлучи да не учествува во програмата за спас на Грција со покривање на долгот кон меѓународните кредитори, туку најверојатно ќе прифати специјална улога за советување што ќе им дозволи да имаат свои извори во целиот процес кои ќе бидат информирани за сите нови предлози.

ММФ одби да учествува во програмата за спас бидејќи смета дека е нереална и потребно е многу поголемо отпишување на меѓународниот долг на Грција за да се постигне посакуваниот ефект, но европските банки, како и финансиски институции на Германија беа строго против.

На инволвираност на ММФ во целиот процес на реконструирање на долгот на Грција инсистираше германскиот министер за финансии Фолфганг Шојбле но, тој го одби предлогот на Кристин Лагард за простување на парите. Затоа е постигнато ова компромисно решение да ММФ учествува формално, но без реални обврски и финансиски импликации.


Слично

Поврзани вести