Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ бара стабилизирање на долгот и намалување на буџетскиот дефицит

ММФ бара стабилизирање на долгот и намалување на буџетскиот дефицит
Владата да забави со темпото на задолжувања, а  вкупниот дефицит од 3,5 да се намали на 2,5 отсто, бара Меѓународниот монетрен фонд во најновиот извештај за посветен на Македонија. Од ММФ сугерираат дека е потребно да се намали примарниот дефицит на централната влада за 1,6%, а укажуваат и дека дефицитот за првата четвртина за 2013 на 2.4 % за проектираниот годишен БДП, веќе претставува две третини од годишниот таргет. „Во делот на трошоците,субвенциите и другите трансфери се качиле за 250% во однос на првиот квартал на 2012, главно заради плаќањата однапред на земјоделските субвенции. Додека ова се чини дека е внатрешно префрлање на трошоците на годишна основа, најверојатно ќе биде потребна понатамошна компресија на трошоците за да се исполни таргетот за дефицит од 3,5% од БДП. Властите не размислуваа за ребаланс на буџетот за време на разговорите, со забелешка дека за трендовите на актуелните приходи, потребните приспособувања на трошоците можат да се спроведат во рамките на нормалните мерки за капитални трошоци со одлагање на најавуваните, но се уште незапочнати проекти, дека се работи од минатото“, стои во извештајот. Ниската и произволна стапка на приход, нискиот просечен раст, ригидното трошење и спрегите кои се наметнати од режимот на курсот на денарот ,сугерираат дека нивото на безбедност на долговите за Македонија генерално ќе биде на ниското ниво на стандардни интервали, укажуваат од ММФ од каде бараат под итно да се стабилизира долгот на државата.
Слично

Поврзани вести