Младо момче во Охрид избодено со нож
Малолетник од Охрид ноќеска е прободен со нож.
Мајката на момчето пријавила дека утрово околу 2 часот на мобилниот телефон на нејзиниот 17-годишен син се јавило непознато лице и му рекло да излезе пред продавницата, лоцирана на улицата „Питу Гули“ во Охрид.
Кога тој излегол пред продавницата, од „мерцедес“ излегло непознатото лице кое со нож му нанело повреди во пределот на десната рака.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Слично
