Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младо момче се удави во реката Радика

Младо момче се удави во реката Радика

Младо момче од селото Ростуше се удави во реката Радика. 

Во Полициското одделение Ростуше вчера попладне е пријавено дека по течението на реката Радика, на место викано „Влог", во Општина Маврово и Ростуше, е пронајдено телото на Б.А.(22) од Ростуше. По пријавата е повикана екипа на Противпожарната единица-Дебар, која го извадила телото од реката, а лекар констатирал смрт. Телото е извадено во близина на селото Јанче. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција.

Слично

Поврзани вести