Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младо момче од Ресен почина од корона, најверојатно се заразил на сопствената свадба

Младо момче од Ресен почина од корона, најверојатно се заразил на сопствената свадба

24-годишно момче од Ресен почина од ковид-19. Најверојатно се заразил на сопствената свадба. 

Во денешниот билтен на починати од коронавирус во Битола запишано е и 24-годишно момче од Ресен, кое на 25 август било донесено во битолскиот ковид центар во многу тешка состојба, објави порталот ММС.

Директорката на Клиничката болница Битола за порталот ја потврдила веста.

„Беше во многу тешка состојба со ниска сатурација и масивна бронхопневмонија. Поставен веднаш на перманентна максимална кислородна поддршка и соодветна терапија. Земениот брис покажа дека е позитивен. И покрај сите интензивни обиди за реанимација, пациентот утрово почина“, истакнала д-р Билјана Гагачовска.

Делта сојот однесе и млади животи. 

Слично

Поврзани вести