Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младо момче настрада во железничката несреќа кај Велес

Младо момче настрада во железничката несреќа кај Велес

Возoт кај Велес усмрти младо момче. 

Воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, денеска околу 11:40 часот во Велес, пред новиот мост „Гемиџии“ прегазил 21-годишно момче, потврдуваат за МИА од СВР Велес.

Од Службата за итна медицинска помош, како што информира началникот д-р Василка Пановска Поп Стефанова, нивна екипа била повикана на местото на настанот во 11:40 минути и за жал само констатирала смрт кај 21-годишното момче Т.И. од Велес.

Според првичните сомневања од очевидци, прегазеното момче само се фрлило и си го одзело животот.

Слично

Поврзани вести