Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младите Срби најмногу ги сакаат Македонците и Црногорците, а најмалку Албанците

Младите Срби најмногу ги сакаат Македонците и Црногорците, а најмалку Албанците

Младите во Србија имаат најпозитивен став кон Македонците и Црногорците. 

Воедно, тие имаат најнегативен став кон оние од албанската националност, се вели во годишниот алтернативен извештај за положбата и потребите на младите луѓе, објави Младинската организација на Србија КОМС.

На скалата од еден до четири, оценката еден значи „секогаш сме имале блиски и пријателски односи со нив“, два – „граѓанин како сите други“, три „не ми пречат, но јас не би се дружел со нив“, а четири „не ми се допаѓаат“.

Добиените податоци покажуваат дека младите имаат најпозитивен однос кон црногорската (просечна оценка 1,68) и кон македонската (просечна оценка 1,75), а најнегативен кон албанската националност (просечна оценка 2,52). Гзим Мурати од здружението „Иднина“ од Бујановац изјави дека овие резултати се должат на конфликти од минатото и на континуирана политика која понекогаш знае да биде дискриминаторска.

На друга анкета направена неодамна во Србија, секој трет испитаник рекол дека најблиски им се Црногорците, четвртина за најблиски ги сметаат Македонците и петтина од испитаниците рекле дека тоа се Унгарците и Бошњаците. 

Слично

Поврзани вести