Младите ракометари ја израдуваа нацијата на Бадник
Младата ракометна репрезентација на Македонија со победата од 20 гола разлика против Турција го загарантира својот пласман на Светското првенство кое ќе се игра во Алжир и со тоа ја израдуваа нацијата на Бадник, ден кој се покажа како среќен за нив. Ова е прв пласман на младинска репрезентација на голем турнир по настапот на генерацијата на Кире Лазаров.
Најефикасен ракометар кај нас беше Шилегов со десет голови, додека на голот маестрален беше Данаиловски со 14 интервенции.
Македонија и Португалија завршија на делба на првата позиција со по пет голови, но, поради подобра гол разлика нашата репрезентација ќе патува на Мундијалот во Алжир кој ќе се одржи оваа година.
Слично
