Младите од Зошто да не и Верувам: Дојде време за премиер Албанец, одиме до крај
Пред седиштата на двете најголеми партии во Македонија, опозициската ВМРО- ДПМНЕ и на СДСМ, млади активисти од иницијативите „Зошто да не” и „Верувам” порачаа дека е дојдено нивното време за Албанец премиер.
– Со години со политиката во Македонија владееше исклучиво двоецот на македонските партии, што пред сѐ ни наштети нам, албанската младина на оваа земја. Денес сме тука, пред седиштето на двете македонски партии, кои реагираа толку остро и исклучувачки кон нашата легитимна и праведна амбиција, да кажеме дека дојде нашето време. На овие избори, ние, албанската младина, ќе одиме до крај за еднаквост и слобода, пат кој што го започнаа нашите родители и баби и дедовци пред три децении. Не сакаме да продолжиме да ги гледаме нашите пријатели и семејство како ја напуштаат земјата. Ние сакаме целосна еднаквост. Ова е наше време. Време е за албанскиот премиер. Време е да се исполни сонот и да се заврши патувањето, порачаа активистите од двете иницијативи.
