Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младите од ВМРО-ДПМНЕ нацртаа 4.108 срциња како потсетник за жртвите од ковид во земјава

Младите од ВМРО-ДПМНЕ нацртаа 4.108 срциња како потсетник за жртвите од ковид во земјава

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку герила акција на кејот покрај реката Вардар нацрта 4.108 срциња, како потсетник на сите оние граѓани кои ја изгубиле борбата со коронавирусот.

Тие порачаа дека воедно и од тука бараат одговорност и одговори од министерот за здравство Венко Филипче.

„Денес во герила акција на кејот покрај реката Вардар оставаме 4.108 срца како потсетник на оние кои го изгубија животот во борба со вирусот КОВИД-19. Воедно од тука бараме одговорност и одговори од министерот за здравство Венко Филипче“, изјави Ѓоржиев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој праша уште колку македонски срца ќе треба да престанат да бијат за министерот Венко Филипче да почувствува одговорност и грам сочувство со илјадниците мајки, татковци, синови и ќерки кои ги изгубија своите најмили чекајќи вакцини, чекајќи слободни кревети, поевтини лекови и соодветна терапија за да бидат излекувани од КОВИД-19?

Слично

Поврзани вести