Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младите на БЕСА застанаа зад Кахремани

Младите на БЕСА застанаа зад Кахремани

Дел по дел, огранок по огранок, се повеќе членови му вратат грб на Биљал Касами кој и натаму не се откажува од лидерското столче на БЕСА, барем не до закажаниот Конгрес на партијата на крајот на февруари. Сега и Младинскиот форум на БЕСА даде целосна поддршка за привремениот претседател Неџбедин Кахремани, на одлука донесена на состанок во тетовското седиште.

Претседателот на Младинскиот форум на БЕСА Даим Лучи оваа одлука ја донел како што соопштуваат во согласност со сите 15 претседатели на младинските ограноци на движењето низ државата. 

Главните заклучоци на Младинскиот форум на БЕСА се дека досегашното раководство мора да понесе одговорност за поразот на локалните избори, блокирањето на органите на партијата, како и непочитување на волјата на мнозинството.

Ова е уште една сериозна порака до Касами врз кого се врши притисок да се повлече од БЕСА, но и да се спречи негово можно внатрешно влијание пред одржување на Конгресот во февруари. 

Слично

Поврзани вести