Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари, а првото искуство со алкохол го имале на 13 години. 

„Во македонскиот образовен систем одамна постои механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој треба постојано да се прилагодува на новите трендови – намалена употреба на тутун, но зголемена на електронски цигари“, истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.

На денешната прес-конференција во Институтот за јавно здравје, каде беше презентиран извештајот на Европскиот проект за истражување во училиштата (ЕСПАД) од 2024 година, Јаневска нагласи дека извештајот содржи препораки за идните политики за зголемување на свеста кај младите за штетноста на психоактивните супстанци.

„Темите за здравје се вклучени во редовната настава, особено во природните науки, а од оваа учебна година воведовме и изборен предмет ‘Учам за моето здравје’ за седмо одделение, со поддршка од Светската здравствена организација“, рече министерката.

Истражувањето ЕСПАД, кое се спроведува во Македонија од 1995 година, опфати 2831 ученик од 96 средни училишта во 2024 година, со речиси изедначен број момчиња и девојчиња.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести