Младите фудбалери заминаа на историското прво Европско првенство во Полска
Младите фудбалери кои со своите игри покажаа дека Македонија има светла фудбалска иднина како што доликува со чартер лет беа испратени на првото Европско првенство во историјата на македонскиот фудбал. У-21 репрезентацијата од 16 до 30 јуни ја очекува настап на Европското првенство во Полска, прв за една македонска фудбалска репрезентација.
– Може слободно да кажам дека дури сега го чувствуваме задоволството што ќе бидеме дел од ваков собир, меѓу 12-те најдобри репрезентации во Европа. Одиме во Полска да уживаме во фудбалот, да потврдиме дека ништо досега не е случајно и да бидеме на истото ниво или скалило повеќе од квалифика-циите. Да покажеме дека македонскиот фудбал има иднина. Подготовките минаа онака како што се планираше, сите играчи се здрави и способни да од-говорат на предизвикот, рече селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата.
Младите фудбалери најпрвин силите ќе ги одмерат со великанот Шпанија.
– Првиот меч на првенството ни е со Шпанија, знаеме која е. Играчите ќе добијат посебни задолженија, но нема да ја менуваме играта од квалификациите. Шпанците по индивидуалниот квалитет се на самиот врв на европскиот и светскиот фудбал, во блага предност се, но тимскиот начин на игра ни дава за право да бидеме оптимисти, дополни селекторот.
Покрај со Шпанија, Македонија ќе се соочи со Португалија (20 јуни) и со Србија (23 јуни).
