МЛАДИОТ ПРАВНИК МУАМЕДИ: Кога Албанците зборуваат на македонски тие се каури и предавници, а премиерот Албанец на Црна Гора е патриот иако зборува само на црногорски
„Новиот Премиер на Црна Гора (Дритан Абазовиќ) во своите објави на социјалните мрежи како и во други излагања го користи исклучиво црногорскиот јазик ама за некои Албанци од Македонија тој е херој, тој е албанец патриот, тој го отвори патот за Етничка Албанија итн. За истите овие Албанци ако некој Албанец од Македонија го користи исклучиво македонскиот јазик пред албанскиот тогаш тој е предавник, каур, шпиун итн. ДА, и за мене Абазовиќ е патриот, тој е патриот бидејки ја сака својата Држава, бидејки за разлика од овие “големите албанци” кои живеат во Македонија а сонуваат за “Етничка Албанија” тој храбро се бори за Црна Гора, кој знае да прави разлика помеѓу нација и држава“, стои во објавата.
