Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младиот битолчанец кој почина од корона одбивал хоспитализација и не бил вакциниран

Младиот битолчанец кој почина од корона одбивал хоспитализација и не бил вакциниран

Почина 32-годишен битолчанец позитивен на коронавирусот, кој одбивал хоспитализација. 

Министерството за здравство објави дека тој и покрај тоа што бил во тешка состојба, одбил да биде хоспитализиран, а имал хронично заболување и не бил вакциниран. Битолчанецот имал заболување на црниот дроб и прекумерна тежина.

Во денешниот билтен, меѓу починатите беше и пациент од Велес на возраст од 30 години. 

Oвие години се покажа дека вирусот не ги поштедува ниту младите. Неодамна имаше и бебе кое починало од корона. 

фото bolnicabitola.mk

Слично

Поврзани вести