Младински културен центар со нов в.д. директор
Новиот директор на Младинскиот културен центар во Скопје е Русе Арсов.
Тој од вчера е назначен за в.д. директор на ЈУ Младински културен центар.
Русе Арсов беше програмски уредник на Младинскиот културен центар, извршен продуцент и член на Програмскиот совет на фестивалот „Млад Отворен Театар“.
Од Град Скопје велат дека екс-директорот Златко Стевковски си поднел оставка од лични причини.
„На нашиот колега Русе, му посакуваме среќа и несебична поддршка достојно да продолжи ги брани боите на МКЦ“, се вели во соопштението.
Русе Арсов дипломирал на отсекот за филмска, тетарска и ТВ продукција, на Факултетот за Драмски уметности, при Универзитетот „Кирил и Методиј“, Скопје.
Слично
