МЛАДИ СКОПЈАНИ СЕ КОЦКАЛЕ СО ЛАЖНИ ДОЛАРИ: Влегле во казино со 900 американски долари, сега добија кривична
Двајца млади скопјани трошеле лажни американски долари поради што добија кривична пријава.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, двете лица, едниот тинејџер на 18 години, другиот на 22 години добија кривична пријава по налог на СВР Тетово, поради тоа што се сомневаат оти фалсификувале пари.
- СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.А.(22) и А.И.(18), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари’’.
На 01.11.2023 во казино во Тетово, пријавените размениле 900 американски долари во апоени од по 100 американски долари, за кои подоцна било утврдено дека се фалсификувани - пишува во објавата на МВР.
Слично
