МЛАДИ СЕ ЖУРКААТ И НИКОЈ НИШТО НЕ ИМ МОЖЕ - нова викенд забава без протоколи во Скопје
За нова викенд забава со прекршување на здравствените протоколи известува телевизија Сител
На снимките кои биле испратени до телевизијата, се гледа дека во кафе бар во скопската населба Тафталиџе поголем број млади се забавуваат без маски, ниту држат соодветно растојание. Настанот синоќа бил пријавен и во Државниот пазарен инспекторат. Инспекторите по направениот вонреден надзор најавиле кривична пријава за угостителскиот објект.
„При една дојава телефонска извршен е инспекциски надзор на кафе барот 101 на улуцата Митрополит Теодосие Гологанови. Притоа беше контатирано дека има организирано забава со диџеј поголема група на млади луѓе собрано со гласна музика и тие повеќето беа на нозе. И колегите наши согласно протоколите на Владата контатираа прекршување на протоколот за што ќе биде поднесена кривична пријава“, изјавил за Сител Џелал Максути, од Државниот пазарен инспекторат.
Од ДПИ рекле дека немаат ингеренции да ги казнуваат гостите за не носење маски и не држење дистанца, а тоа може да го санкционира само полицијата.
Снимките можат да се видат на прилогот.