МЛАДИ ОСУДЕНИЦИ ДА СЕ ОБУЧУВААТ И ДА СТАНАТ ВРАБОТЛИВИ ПО ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД ЗАТВОР - Пандов на средба со директорката на СОС Детско село
Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов денеска одржал работен состанок со директорката на СОС Детско село Јулијана Накова Гапо.
На состанокот бил потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението на граѓани СОС Детско село и Управата.
„Во рамките на меморандумот предвидени се активности за обука на животни вештини и вработливост, кариерно советување и психолошка подршка на млади осудени лица како и зајакнување на нивна самодоверба и подршка за вработување по издржување на казна затвор“, се вели во објавата што ја сподели Пандов на социјалните мрежи.
Слично
