МЛАДИ ЛУЃЕ СЕ ЗАБАВУВААТ БЕЗ МАСКИ И ДИСТАНЦА - каков беше настанот пред Музејот на Македонија
Снимка од забава со повеќе десетици лица без маски и дистанца, одржана синоќа на отворено пред Музејот на Македонија во Скопје, вечерва почна да се врти на социјалните мрежи. На снимката се гледа диџеј кој пушта музика, метеж и повеќе лица како танцуваат и се забавуваат без почитување на основните мерки за заштита. За дел од медиумите од МВР изјавиле дека веќе се запознаени со случајот, постапуваат, односно работат на идентификување на лицата кои ги прекршиле протоколите. За текот на утрешниот ден се најавуваат и соодветни пријави. Мира Гаќина, директорка на музејот, за порталот А1 ОН рекла дека не се работело за журка, туку за перформанс, одржан во рамките на меѓународното биенале на млади уметници и дека настанот бил организиран според предвидените протоколи.
Видео: А1Он
