Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младеновски: Ни кажаа дека Иванов ќе прогласи воена состојба во 22 часот

Младеновски: Ни кажаа дека Иванов ќе прогласи воена состојба во 22 часот

Стефан Младеновски, обвинет за настаните на 27 април лани, денеска на судското рочиште изнесе дополнителни детали со тоа што наведе дека оние кои упаднале во законодавниот дом подоцна биле смирувани да не се грижат, бидејќи шефот на државата „ќе прогласел воена состојба“..

-(Дејан Димковски) Боксер ни кажа да не се грижиме дека тој ги искршил камерите. Ни кажа и дека во 22 часот претседателот ќе прогласел воена состојба и дека веќе воена полиција била поставена на местото Групчин, кај Гостивар-Тетово. Боксер ни кажа дека таа информација ја добил од некое лице Синиша кое работело как претседателот, истакна Младеновски.

Имало и гласини дека се подготвувала и вооружена група од етнички Албанци и дека постоел простор за меѓуетнички конфликт.

-Тогаш Нинџа отиде да се види со Никола Бошковски-Прскачот. Наводно бил дојден со возило кај градската болница во кое имало оружје, автоматско и полуавтоматско. Го прашав Нинџа што ќе се случи кога ќе дојдат вооружените Албанци и тој рече, дека и тука има луѓе кои знаат да пукаат, рече Младеновски.


Слично

Поврзани вести