Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младен Чадиковски повторно претседател на ЗНМ

Младен Чадиковски повторно претседател на ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на денешното изборно собрание повторно му ја даде довербата за уште еден мандат на Младен Чадиковски .

За функцијата претседател се кандидираа, покрај досегашниот претседател на ЗНМ, уште и новинарката Филијана Кока и новинарот Марјан Николовски.

За Чадиковски неофицијално гласало убедливо мнозинство од 229 медиумски работници.

- Остануваме да работиме на принципите на правда и етика. Благодарам за огромното присуство и им честитам на колегите за фер битката. продолжуваме понатаму со заеднички сили, изјави Чадиковски.

На изборното Собрание на ЗНМ присуствуваа над 480 медиумски работници, најмногу до сега.

Покрај изборот на комисиите за работа на комисијата присутните го усвоија извештајот за работата на ЗНМ и финансискиот извештај за 2022 година.


Слично

Поврзани вести