Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младата 24 годишна девојка што почина од корона имала лупус?

Младата 24 годишна девојка што почина од корона имала лупус?

Се уште нема офицјална информација како се случи да почине најмладата пациентка која во земјава ја изгуби битката со коронавирусот.

Од Државниот пазарен инспекторат за Канал 5 телевизија изјавиле дека се уште не е завршен целиот тек на истрагата.

„Вонредниот инспекциски надзор кај матичниот доктор и во болницата во Тетово, каде била хоспитализирана 24 годишната пациентка, е завршен. Но, се уште трае надзорот во Инфективната клиника во Скопје. Откако ќе се утврдат фактите, а постапката ќе биде целосно завршена, ќе биде познато како постапувале лекарите низ целата патека на келување на оваа пациентка“, изјавила директорката Иринка Сотирова Бухова. 

Инаку, за Канал 5 телевизија, дел од медицинските лица кои биле вклучени во лекување на оваа девојка, тврделе дека жената најверојатно имала и друго заболување, но поради истрагата засега не сакале јавно да зборуваат. Глвниот сомнеж е дека имала лупус, автоимуна болест, односно нарушување на одбранбениот систем, па имунолошките клетки ги напаѓаат здравите клетки во телото. А едно од прашањата што ќе треба да се одговори е зошто ако имала и друго заболување, зошто за тоа не знаеле лекарите што ја лекувале. 

Слично

Поврзани вести