Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЛАДА ВЕЛЕШАНКА УАПСЕНА ЗА КРАЖБА ОД ПОЧИНАТО ЛИЦЕ - жртвата беше пронајдена во центарот на Велес

МЛАДА ВЕЛЕШАНКА УАПСЕНА ЗА КРАЖБА ОД ПОЧИНАТО ЛИЦЕ - жртвата беше пронајдена во центарот на Велес

Полициски службеници од СВР Велес вчера  ја лишиле од слобода 32 годишната Р.С. од Велес, осомничена дека од лицето Т.Ѓ.(54) години  од Велес одзела пари.  Според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ пред дуќаните во близина на Новиот мост во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите, информира денеска Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Осомничената  била  задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од СВР Велес.

На Т.Ѓ вчера  му се слушило пред дуќаните кај Новиот мост во Велес по што била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт без траги на насилство.

Како што беше објавено вчера пред дуќаните на Нов мост „Гемиџии“ на улица „Илинденска“ во Велес, изутрината е пронајдено тело на починат маж Т.Ѓ роден 1970 година, информира за МИА портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска. Таа појасни  дека во 10 часот добиле известување  од службата за Итна медициска помош, за машко лице кај Нов мост, по што нивна екипа отишла на увид на местото на настанот.

Од Итна медицинска помош соопштија дека во 09:50 часот од страна на граѓани добиле повик за лице во безсоознание во близина на Агенција за вработување. Но кога нивната екипа пристигнала, лицето го пронашла не долу кај Агенцијата за врабтување туку горе кај дуќаните на Новиот мост  близу до ДОЗ. Екипата на Итна медицинска помош само констатирала смрт без траги на насилство

Фото: МИА

Слично

Поврзани вести