Економија, финансии, бизнис

Контакт

Млада Бугарка крадела паричници во Скопје

Млада Бугарка крадела паричници во Скопје

Приведена e млада девојка од Бугарија, затоа што крадела паричници.

Полицијата нападне привела млада девојка од Бугарија која е фатена при кражба на паричник.

„Денеска (05.09.2023) во 12.00 часот на автобуска постојка на бул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода Ц.Б.(24) од Република Бугарија. Таа била фатена при извршување кражба, при што од чанта на женско лице одзела паричник. Кај неа, освен тој паричник, бил пронајден уште еден паричник со лични документи и пари на женско лице од Скопје“, соопштија од полиција. 

Ц.Б. е задржана во полициска станица и поцелосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

И прeтходно имаше случаи, бугарски државјани крадеа и измамуваа граѓани во главниот град. 

foto freepik.com/BillionPhotos

Слично

Поврзани вести