МЛАД ВЕЛЕШАНЕЦ ПРОНАЈДЕН МРТОВ - се истражува како починал
Утрово по Железен мост, во населбата Дворови во Велес, пронајдено е телото на млад велешанец. Била повикана екипа на Итна медицинска помош, која само констатирала смрт, а увид на местото на настанот направила екипа на СВР Велес,информира Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
На местото на трагедијата пристигнал и Јавниот обвинител Анастасија Миланова и според првичните информации, што од ОЈО Велес за медиумите ги соошти Цветанка Богоевска, Основен јавен обвинител за подрачјето на Велес, таа констатирала дека на телото на пронајдениот мртов 34 годишниот маж немало видливи траги на насилство.
- Станува збор за велешанец роден 1990 година, а неговото тело лежело на земја под мостот на скоро средина од должината на железната конструкција. Во првичните информации можам само да соопштам дека на телото на 34 годишниот маж нема траги на насилство, ниту убодни рани. Земени се примероци од дополнителни траги на лице место, како и друг вид на материјал што ќе биде испратен во Одделот за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи во Скопје. Обвинителката Миланова веќе побара телото на починатиот маж да биде испратено на обдукција во Институт за судска медицина во Скопје - информира Цветанка Богоевска Основен јавен обвинител за подрачјето на Велес.
Инаку, на Обвинителството во Велес познат му е идентитетот на мртвиот велешанец.
