Економија, финансии, бизнис

Контакт

Млад убиец од Кондово сам и се предаде на полицијата

Млад убиец од Кондово сам и се предаде на полицијата

21 годишниот жител на Кондово самиот и се предал на полицијата признавајќи го убиството на 57-годишниот скопјанец М.М. во близина на селото. Полицијата го уапсила младиот убиец и пренесен во Полициската станица во Ѓорче Петров. Тој пред полициските службеници го признал убиството на скопјанецот кој изминативе денови се водел како исчезнат.

Полицијата по полноќ извршила проверка на местото каде што тој посочил дека се случило убиството. Притоа, во близина на селото Кондово било пронајдено телото на убиениот скопјанец. На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител, соопшти МВР.

Слично

Поврзани вести