Економија, финансии, бизнис

Контакт

Млад тетовец удрил лекар во Брза помош

Млад тетовец удрил лекар во Брза помош

Ј.И.(37) од Пирок, лекар во тетовската Брза помош, пријавил дека ноќеска околу 4 часот го нападнал 21-годишниот А.А. од Тетово. 

„Во тоа време, пријавениот заедно со мајка му со возило го донеле нивниот татко и сопруг и побарале тој да се прегледа и да му се укаже лекарска помош. Откако Ј.И. го сторил тоа и ги упатил на Интерното одделение, синот А.А. започнал да го навредува, да му се заканува и со отворена дланка го удрил по десното рамо“ - информираат од СВР Тетово.

А.А. денеска е повикан во полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести