МЛАД СТРУЖАНЕЦ ЗАВРШИ ВО ЕРАЗМО ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТ - Има тешки повреди, еве ги деталите за несреќата
Тешка сообраќајна незгода се случила на патот во село Враништа, Струшко, при што млад возач со своето возило излетале од патот и завршил во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид.
- На 23.09.2023 во 01.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат во с.Враништа, Струшко, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31) од Струга, излетало надвор од коловозот - се наведува во билетнот на МВР.
Од таму информираат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.
Слично
