Економија, финансии, бизнис

Контакт

Млад сопатник од Кичево почина во приватна болница по сообраќајна несреќа

Млад сопатник од Кичево почина во приватна болница по сообраќајна несреќа

Во сообраќајка загина 24-годишен кичочанец, откако нешто по полноќ, односно во 01:30 часот во Полициската станица Кичево, била пријавена несреќата што се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Автомобил БМВ со скопски регистарски ознаки управуван од 23-годишниот А.Д. од Горно Строгомиште изгубил контрола.

Возачот и 24-годишниот сопатник Л.Р. биле пренесени во болницата во Кичево, а потоа и во приватна болница во Скопје, каде што 24-годишниот Л.Р. починал од повредите.

Од МВР најавуваат дека ќе биде извршена обдукција.


Слично

Поврзани вести