МЛАД СКОПЈАНЕЦ УАПСЕН ЗА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ПО ДОЈАВА ОД ПОЛИЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА - веќе е покрената истрага
Скопјанецот Ф.М. (27) е уапсен и против него е покрената истрага за детска порнографија, објавија Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од Обвинителство, дваесет и седум годишник поседувал фотографии и видео записи детска порнографија во неговиот телефон и таблет, по што Основното јавно обвинителство повело истрага, а во меѓувреме му изрекло повеќе мерки на претпазливост.
- ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – производство и дистрибуција на детска порнографија согласно член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Осомничениот, сега на возраст од 27 години, одреден период набавувал и поседувал фотографии и видео записи детска порнографија кои ги зачувал на својот мобилен телефон и таблет. Материјалите во форма на фотографии и видеа на кои биле прикажани очигледни полови дејствија со деца ги прибавувал од други лица преку различни интернет апликации, веб страници и форуми - наведено е во нивното соопштение.
Јавен обвинител предложил да му бидат определени повеќе мерки на претпазливост, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување во Судот, но и забрана да користи какви било интернет апликации на мобилни телефони и други уреди, како и забрана да одржува какви било контакти со лицата со кои преку интернет профили во странство разменувал детска порнографија.
Од друга страна од МВР објавија дека лишен од слобода е скопјанец за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“, поднесена кривична пријава
