Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВТОМОБИЛОТ Е ЦЕЛОСНО СМАЧКАН: Млад скопјанец починал во Ханиоти, другар му се бори за живот

АВТОМОБИЛОТ Е ЦЕЛОСНО СМАЧКАН: Млад скопјанец починал во Ханиоти, другар му се бори за живот

Дваесет и двегодишно момче починало вчераутрото во сообраќајна несреќа која се случила во 6.30 часот на Халкидики на патот Полихроно - Ханиоти.

22-годишниот возач, кој се движел кон Полихроно, под неразјаснети околности изгубил контрола над својот автомобил и се превртел.

Несреќниот млад човек кој бил од Скопје и дошол на годишен одмор на Халкидики, починал веднаш, бидејќи бил фрлен од шофершајбната, од автомобилот.

Неговиот 21-годишен совозач бил повреден и пренесен во болницата Полигирос.

Причините ги испитува Одделот за сообраќај на Неа Мудања.


Извор и фото halkidikinews.gr

Слично

Поврзани вести