Млад скопјанец на сред бел ден украл ланец од жена на улица, ама немал „среќа“ со него
Украл златен ланец, ама полицијата го нашла набрзо по стореното дело. Крадци често плашат граѓани на улица, полицијата објавува и многу пријави на одземени златни предмети, некогаш и во текот на денот.
Сепак 22-годишниот Ф.С. веднаш бил приведен. Според полицијата тој денеска ја нападнал М.Л. од која украл златен ланец.
„Околу 14 часот приведен е Ф.С. (22) од Скопје, кој кратко време пред приведувањето, на крстосницата помеѓу улицата. „Хо Ши Мин“ и улицата „Лазо Дренков“ ја нападнал М.Л. и од неа украл златен ланец. По приведувањето, Ф.С. го признал делото и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
Слично
