МЛАД СКОПЈАНЕЦ ЈА ВЛЕЧЕЛ МАЈКА СИ 20 МЕТРИ СО АВТОМОБИЛОТ - „синот од пеколот“ е уапсен
Голем инцидент се случил во општина Петровец, каде 24-годишен маж нз прозорот од автомобил ја фатил сопствената мајка и ја влечел околу 20 метри, објави Министерството за внатрешни работи.
Настанот се случил во текот на вчерашниот ден, поточно во вечерните часови, после 20 часот, а „синот од пеколот“ е уапсен.
- На 25.07.2026 во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село.
Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото.
Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава - се посочува во билтенот на МВР.
