Економија, финансии, бизнис

Контакт

Млад скопјанец ја убил баба му со задушување

Млад скопјанец ја убил баба му со задушување

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинение против 28-годишен скопјанец за убиство на својата баба.

„На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, обвинетиот со умисла ја лишил од живот сопствената баба. Додека жртвата јадела, тој ја нападнал, започнал да ја удира по главата и телото, а потоа ја задушил“, извести ОЈО Скопје.

Од таму известуваат дека е поднесен и предлог до судот за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.


Слично

Поврзани вести