МЛАД РАБОТНИК ПОЧИНА ПО ПОВРЕДА ОД ГРАДЕЖНА МАШИНА, се здобил со тешки повреди на кои им подлегнал во болница
Млад дечко од селото Зајас го изгубил животот по тешка несреќа при изведување градежни зафати, на кои се здобил со тешки телесни повреди, и на кои им подлегнал во болницата во Тетово, соопштија од СВР Охрид.
- На 06.07.2022 година во 17.40 часот во ОВР Кичево пријавено е дека Ј.Е.(24) од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на Н.Г.(69) од селото Србица, се здобил со тешки телесни повреди, по што во болницата во Тетово им подлегнал на повредите. Извршен е увид и по наредба на Јавен обвинител телото е дадено на семејството - појаснуваат од СВР Охрид.
Слично
