Млад мотоциклист усмрти пешак во скопската населба Даме Груев
МВР објави дека е уапсен мотоциклистот кој вчера попладне усмртил пешак во скопската населба Даме Груев во Ѓорче Петров на улица „Шар Планина“.
„На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.“, објави полицијата.
По наредба на јавен обвинител М.О. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
