Економија, финансии, бизнис

Контакт

Млад Македонец во Хрватска „летал“ со 254 км на час

Млад Македонец во Хрватска „летал“ со 254 км на час

Македонец во Хрватска возел со брзина од 254 километри на час.

Македонски државјанин вчера на автопатот А3 кај Нова Градишка, Хрватска, возел со брзина од 254 километри на час, објави агенцијата „Хина".

Полицијата вчера го запрела македонскиот државјанин со автомобил со германски таблички кој возел со брзина од 254 километри на час кај Нова Градишка.  Бродско-посавската полиција го запрела 31-годишниот возач“ вчера околу 12 и 45 часот. Тој е исклучен од сообраќај и добил парична казна.

Ограничувањето на брзината на автопатот е 130 километри на час.

фото sbplus.hr

Слично

Поврзани вести