Млад кичевчанец по сообраќајна несреќа со тешки повреди хоспитализиран во болница во Охрид
Во судар меѓу два автомобили на патот Кичево Охрид со тешки телесни повреди се здобил дваесетитри годишен кичевчанец. Во сообраќајната незгода учествувале Е.З. (23) и А.Ж. (70), а увидна екипа направиле од полициската станица во Кичево.
- На 17.07.2022 во 02.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид кај с.Другово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со австриски регистарски ознаки, управувано од А.Ж.(70) од с.Велешта, а со привремено живеалиште во Р.Австрија, и патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.З.(23) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.З. констатирани во Специјалната болница “Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево - се наведува во соопштението од МВР.
