МЛАД ДОКТОР СЕ ОБИДЕЛ ДА НАТЕПА МЛАДА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА - настанот се случил на Гинекологија
Медицинска сестра вработена на Гинекологија на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ утрово додека била на своето работно место во амбулантата, била физички нападната од нејзин колега, вработен како доктор, а инаку е од Охрид.
Нема детали која е причината за појавата на физичка нетрпеливост меѓу овие двајца млади луѓе.
„На 06.03.2021 во 07.00 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од Т.М.(33) од Охрид, вработен како доктор. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ“, се вели во соопштението од МВР.
Слично
