Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЛАД БУГАРИН Е УАПСЕН ЗАТОА ШТО НА ФЕЈСБУК ПИШУВАЛ НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ ЗА НЕСРЕЌАТА - казната е затвор од една до четири години

МЛАД БУГАРИН Е УАПСЕН ЗАТОА ШТО НА ФЕЈСБУК ПИШУВАЛ НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ ЗА НЕСРЕЌАТА - казната е затвор од една до четири години

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Софија е уапсен 24-годишен маж поради неговите коментари на Фејсбук за трагичната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Како што објави БТВ, мажот ќе подлежи на истрага за ширење омраза врз национална основа. За вакви прекршоци законот предвидува казна затвор од една до 4 години и глоба од 2,5 илјади до 5 пет илјади евра, како и јавно извинување.

Инаку, овој човек, Сртефан Белев, во својот фејсбук статус сподели фотографија од изгорениот автобус со коментар „На автопатот Струма е откриено синоќа со огнено шоу, нова македонска скара. Првите гости се жалат дека малку била препечена, но исто така изразуваат надеж дека вакво нешто набргу пак ќе се повтори. Наздравје!“

Слично

Поврзани вести