Економија, финансии, бизнис

Контакт

МКД: Возач на МНР фатен со дрога

МКД: Возач на МНР фатен со дрога

Возач вработен во Министерството за надворешни работи, на 16 април од охридската полиција бил фатен со дрога, објави МКД, од каде информираат дека случајот не е пријавен во полициските билтени.

Ќазим Брахими се обидувал да ја пренесе дрогата во Скопје. Тој бил фатен со уште едно лице, а возилото рено (СК7632АС) e службено возило на МНР, дознава МКД.мк.

Како што дознаваме и второто лице во возилото, Фламур Лога, бил вработен во МНР (во ИТ сектор) и покажал дипломатска патна исправа. Тој на полицајците им рекол дека одат на аеродром.

МВР дури по повеќе од пет недели ипатило прашање до МНР дали лицето Ќазим Брахими тој ден (16 април) бил службено ангажиран и дали го управувал возилото со патен налог.

МВР подоцна го демантираше ова со тврдење дека кај возачот не била пронајдена дрога.

„Во врска со наводите изнесени во дел од средствата за јавно информирање околу некаков случај во кој возач вработен во Министерството за надворешни работи со службено возило на тоа министерство бил фатен од страна на полициски службеници при што во возилото била откриена дрога, Министерството за внатрешни работи категорично ги демантира таквите информации како неточни.

Имено, на 16.04.2024 година од страна на полициски службеници при ОВР Кичево во 22,35 часот во Кичево било сопрено возило сопственост на МНР (марка „рено“) управувано од лицето Ќ.Б., при што била извршена рутинска контрола во која не биле пронајдени никакви предмети во интерес на службата. По службена должност бил доставен допис до МНР околу проверка на сопственоста на возилото и околу евентуалниот патен налог за управување на возилото кој што возачот не го доставил на полициските службеници.

Во тој смисол Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги отфрла сите шпекулации околу постоењето на некаков случај, и апелира до средствата за јавно информирање – со оглед на целосната транспарентност на министерството – сите прашања од нивен интерес да ги проверат во соодветните служби на МВР, пред тие да попримат шпекулативен и тенденциозен карактер со кој се нанесува штета и на Министерството, но и на кредибилитет на средствата за јавно информирање“, соопшти МВР.


Слично

Поврзани вести