Економија, финансии, бизнис

Контакт

МКЦ наскоро во ново руво

МКЦ наскоро во ново руво

Со буџет од 5 милиони денари обезбедени од Градот Скопје ќе се реновираат повеќе делови во МКЦ. Според најавите  џебното кино ќе биде со капацитет 80 нови седишта, а во план се и нови ѕидови кои ќе бидат акустични и нов проектор со ново проектно платно.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски кој денеска го посети Младинскиот културен центар истакна и дека се реновира и концертната сала каде што се прави нова сценска конструкција која ќе овозможи покрај музичките да се изведуваат театарски престави, како и дека ќе се заменат сите врати во МКЦ, вкупно 80.

Слично

Поврзани вести